Ден: февруари 3, 2023

0

Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“
покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“.
Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора.  

Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. Continue Reading