Ден: август 8, 2022

0

Реакција на Платформа за родова еднаквост: Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции. Непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. Фемицидот, како една од најчестите причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво, во најголем број случаи е предизвикан од страна на лице со кое жртвата е или била во партнерски однос, како и во случајот на неготинчанката која почина откако нејзиниот партнер брутално ја претепал. Continue Reading