Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е основано во 2010 година и претставува прв и единствен облик на самоорганизирање на заедницата на сексуални работници во Република Северна Македонија и на Балканот. Препознаени како СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, повеќе од 10 години СТАР-СТАР се залага за застапување и промовирање на правата на сексуалните работници во социјалниот, здравствениот и правниот систем на државата.
ВИЗИЈА: СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволна сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на основните човекови права и слободи се основни принципи на демократско и праведно општество.
МИСИЈА: СТАР-СТАР е колектив предводен од сексуални работници кој истите ги мобилизира за нивно активно учество во процесите на креирање политики и пракси кои ја третираат сексуалната работа, а заедно со засегнатите страни врши следење на нивното спроведување за да обезбеди доследно почитување на сите човекови права и слободи на сексуалните работници.
Својата работа, организацијата ја спроведува преку три стратешки програми:
- Програма за застапување и лобирање за правата на сексуалните работници
- Програма за сервиси и поддршка на сексуални работници
- Програма за одржлив развој и градење на капацитети на организацијата и заедницата.
Сексуалните работнички од 2021 година се системски препознаени како ранлива категорија со донесувањето на Законот за заштита и превенција на насилство врз жените и домашно насилство и како единствена организација предоводена од заедницата е клучен чинител во процесот за декриминализација на доброволната сексуална работа во Република Северна Македонија.
СТАР-СТАР е граѓанска, непрофитна, самостојна, непартиска и доброволна организација.