Основан во 2004 година според македонското законодавство како „граѓанска асоцијација“ Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП се занимава со анализа на политиките, обидувајќи се да им го отвори процесот на креирање политики на граѓаните, да ги подобри законите, да ги процени институционалните капацитети за нивно спроведување, како и следење и проценка колку овие политики создаваат јавна вредност или се насочени кон „европеизација“ на Македонија.
Центарот за истражување и креирање политики е истражувачка think-tank организација чија мисија е промоција на добро владеење и развој во Македонија врз основа на релевантни истражувања на политиките засновани врз докази, градење на капацитети и обуки, проценки, анализи и истражувања, без оглед и независно од посебните интереси на која било група на општеството, било политички, социјални или економски.
Во нашата долгогодишна работа исто така обезбедуваме обуки, правиме проценка на донаторските програми во Македонија и регионот и спроведуваме истражувања на јавното мислење. ЦИКП редовно организира форуми, тркалезни маси и дебати кои им нудат на креаторите на политиките точни и навремени препораки за политиките, кои се производ на сеопфатно истражување, добро аргументирани и насочени кон активности на Владата за политички прашања што се предмет на истражувачки интерес на ЦИКП.
Истражувачките активности и анализата на тимот на ЦИКП целосно е интегрирана родовата перспектива и се пропратени со напори за застапување кои се целосно усогласени со стратегијата за комуникација и застапување на организацијата. Бројни наши предлози за политики се прифатени од Владата, а според многу индикатори, како што се влијанието на политиката или медиумските настапи и коментари, денес ЦИКП е водечки македонски тинк-тенк.