0

Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Имајќи ја предвид состојбата со родовата еднаквост во земјата и потребата за нејзино понатамошно и континуирано унапредување;

Знаејќи ги насоките по кои се унапредува еднаквоста во демократските општества ширум светот и аспирациите на нашата држава да биде дел од меѓународни заедници кои меѓу другото ги темелат своите вредности и начела на родовата еднаквост;

Платформата за Родова еднаквост како мрежа од 23 организации, бара од новата Влада на Северна Република Македонија да ги вклучи следните приоритетни реформи и препораки за унапредување на родовата еднаквост во својата програма:

ИНСТИТУЦИОНАЛНА СТРУКТУРА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ (РОДОВА МАШИНЕРИЈА)

  Реформа Надлежна институција/и
 1 Воспоставување на централен механизам за родова еднаквост како самостојна стручна служба (Секретаријат) во рамки на Владата на РСМ Влада на РСМ
 2 Систематизирано работно место – Координаторка за родова еднаквост која ја следи општата политика и ги одобрува годишните планови и мерките за родова еднаквост на ОДУ и ЕЛС Влада на РСМ, Министерство за информатичко општество и администрација

РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ЕЛС

  Реформа Надлежна институција/и
 1 Воведување на родовата еднаквост како експлицитна децентрализирана област на надлежност за ЕЛС со буџетска поддршка Влада на РСМ,Министерство за локална самоуправа,Министерство за финансии
 2 Обезбедување правен статус на месната самоуправа со систем на избори на совети кој обезбедува балансирано учество на обата пола Влада на РСМ,Министерство за локална самоуправа
 3 Проширување на законската обврска за градоначалниците за организирање јавни консултации во подготовка на нацрт-програми и активно информирање за предлози на годишни и развојни програми, буџети и извештаи Влада на РСМ,Министерство за локална самоуправа

ЕКОНОМИЈА         

  Реформа Надлежна институција/и
 1 Воведување на специфична мерка за вработување на Ромки со цел нивна работна активација и поддршка при вработување, имајќи ја предвид нивната образовна структура, квалификации и традиционалната улога во семејството Министерство за труд и социјална политика,Агенција за вработување на РСМ
 2 Отворање нови пунктови за регистрација на невработени лица и намалување на временската рамка за редовно пријавување на статусот на невработено лице, што особено ги засега жените Министерство за труд и социјална политика,Агенција за вработување на РСМ
 3 Финансиска поддршка на социјални претпријатија кои ангажираат ранливи групи на жени Министерство за труд и социјална политика,Министерство за економија
 4 Буџетска приоретизација и зголемен обем на покриеност на основната инфраструктурата (водовод и канализација, јавен транспорт и снабдување со електрична енергија) во руралните средини Министерство за финансии,Министерство за транспорт и врски
 5 Препознавање на неплатениот труд за грижа, во шемите за пензиско и здравствено осигурување Фонд за пензиско и инвалидско осигурување,Министерство за труд и социјална политика
 6 Зголемување на бројот и капацитетите на градинките и центрите за ран детски развој, особено во руралните средини Министерство за труд и социјална политика,Министерство за образование
 7 Донесување на нов Закон за работни односи по веќе изготвениот предлог закон Собрание на РСМ
 8 Воведување на институтот “еднакво плаќање” во ЗРО кој се применува на случаи каде мажите и жените работат различна работа Собрание на РСМ,Министерство за труд и социјална политика
 9 Воведување платено отсуство од работа заради рана грижа за деца за двајцата родители, преку дефинирање на мајчинско, непреносливо татковско и споделено родителско отсуство Собрание на РСМ,Министерство за труд и социјална политика
 10 Законско регулирање на правото на флексибилно работно време, работа од дома или работа со скратено време, заради грижа за деца до 8 годишна возраст или грижа за лица кои имаат потреба од долготрајна нега Министерство за труд и социјална политика,Собрание на РСМ
 11 Забрана за престанок на работен однос за време на бременост, раѓање и родителство со непродолжување на договорот за вработување на определено време Министерство за труд и социјална политика
 12 Обезбедување правна заштита за време на бременост, раѓање и родителство за работничките без формални договори за вработување и за работничките кои вршат неплатена работа Министерство за труд и социјална политика
 13 Водење на родово разделена статистика особено во делот на родова дискриминација Државен инспекторат за труд
 14 Подобрување на законските надлежности за поведување на кривични пријави против работодавачи кои ги прекршуваат работничките права Државен инспекторат за труд
 15 Градење капацитети на администрацијата за препознавање на родово базирана дискриминација на работно место на сите релевантни институции Влада на РСМ

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

  Реформа Надлежна институција/и
 1 Зголемен број на загрижувачки домови и капацитети за алтернативни форми на згрижување на лица со попречениот, стари лица, бездомни лица и други ранливи категории со достојни услови за живот и само-развивање Влада на РСМ,Министерство за труд и социјална политика,

ДИСКРИМИНАЦИЈА

Реформа Надлежна институција/и
 1 Повторно изгласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација Министерство за труд и социјална политикаСобрание на РСМ

РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО (РБН)

  Реформа Надлежна институција/и
 1 Итно усвојување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство Собрание на РСМ
 2 Измени и дополнување на Законот за социјална заштита – препознавање на жени жртви на насилство како посебно ранлива категорија Министерство за труд и социјална политика
 3 Измени и дополнување на Законот за семејство и усогласување со одредбите на Истанбулската Конвенција за елиминација на сите форми на насилство врз жената во чл.31, чл.32 итн. Министерство за труд и социјална политика
 4 Измени и дополнувања на Кривичниот законик во насока на криминализирање на сите форми на родово-базирано насилство предвидени со Истанбулската конвенција Собрание на РСМ
 5 Воведување на посебни одделенија при ОЈО и судовите кои ќе бидат специјализирани и единствено надлежни да постапуваат по предмети за родово-базирано насилство Собрание на РСМ,Судски совет,Совет на Јавни обвинители
 6 Формирање на државен фонд за исплата на издршка за деца, и преземање на обврската на државата да ги наплати долговите од родителот кој е задолжен од Судот да плаќа издршка Министерство за правда, Министерство за труд и социјална политика,Министерство за финансии
 7 Жените жртви на насилство да се препознаат како посебно ранлива категорија во Законот за домување, односно Одлуката за распределба на социјални станови и да се измени методологијата врз основа на која се бодуваат определени категории на апликанти за социјален стан Министерство за транспорт и врски,Единици на локалната самоуправа

ОБРАЗОВАНИЕ

  Реформа Надлежна институција/и
 1 Воведување на сеопфатно сексуално образование како изборен предмет во основното и средното образование Министерство за образование и наукаБиро за развој на образованието
 2 Обезбедување пристап до бесплатни менструални производи во основни и средни училишта и на универзитетите Министерство за образование и наука, Министерство за локална самоуправа
 3 Воспоставување институционални механизми за заштита од сексуално вознемирување на универзитетско ниво Министерство за образование и наука
 4 Развивање кодекс за родова сензитивност и безбедност во образовните институции Министерство за образование и наука
 5 Донесување нов закон за средно образование со вклучени механизми за превенција и заштита од родова дискриминација и насилство Министерство за образование и наукаСобрание на РСМ
 6 Донесување на нов Закон за учебници во основното и средното образование кој ќе гарантира отсуство на учебникарски содржини кои промовираат родови стереотипи, нееднаквост и дискриминација Министерство за образование и наукаСобрание на РСМ

ЗДРАВСТВО

Реден број Реформа Надлежна институција/и
 1 Регистрација на лекови за медикаментозен абортус и воведување на абортусот со лекови како метода за прекин на бременоста во здравствените установи Министерство за здравство
 2 Воведување најмалку три модерни контрацептивни средства (орални таблети, спирала) на позитивната листа на лекови Фонд за здравствено осигурување
 3 Дефинирање на нов модел на плаќање на матичните гинеколози во примарната здравствена заштита со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на услугите и елиминирање на незаконската наплата Фонд за здравствено осигурување Министерство за здравство

СПОРТ

Реден број Реформа Надлежна институција/и
 1 Надополнување или донесување нов Закон за спорт кој е родово сензитивен и ја третира родовата еднаквост како приоритет Собрание на РСМ
 2 Најмалку 40% на жени во управните тела и раководните позиции во владините институции надлежни за спорт Агенција за млади и спортВлада на РСМ
 3 Родовата еднаквост вклучена како посебен приоритет во националната стратегија за спорт Влада на РСМАгенција за млади и спорт
 4 Сите спортски управни тела да имаат стратегија за родова еднаквост Агенција за млади и спорт
 5 Еднаква финансиска поддршка и распределба на ресурси на локално и национално ниво за јавно финансирање на рекреативен и професионален женски спорт Агенција за млади и спорт,Министерство за локална самоуправа
 6 Законски решенија за санкционирање на родово-базираното насилство во спортот и обуки за родова сензибилизација на сите носители на одлуки во спортот Агенција за млади и спортСобрание на РСМ

 

Документот е достапен на следниот линк.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар