Ден: декември 19, 2019

0

Реакција на Платформа за родова еднаквост во врска со дискриминаторските и сексистички содржини во учебниците за основно и средно образование

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за дискриминаторските содржини присутни во учебникот по Социологија за втора година средно образование, актуелен со силни негативни критики во јавноста изминатиот период. Ги повикуваме Министерството за образование и наука (МОН) и органите во состав на ова министерство (Бирото за развој на образование, Педагошка служба, Државен просветен инспекторат) веднаш да формираат Комисија за ревизија на сите наставни програми и учебници за основно и средно образование, и да се отпочне со долго најавуваниот процес на детална ревизија на сите учебници во поглед на присутноста на дискриминаторски содржини, промовирање родови стереотипи, сексизам, мизогинија и насилство. Continue Reading

Get document