На 8 март, по повод Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, во 13:00ч. пред Универзална сала во Скопје започна овогодинешниот Марш за женски права, под слоганот: „Нека јадат ружи!“. Continue Reading
Месец: март 2025
МВР ги повлече измените на Законот за полиција кои ги изложуваа на ризик жртвите на семејно насилство
По реакцијата на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација, Министерството за внатрешни работи се откажа од измените на членовите 31 и 31а од Законот за полицијата, кои се однесуваат на одземањето на службеното оружје и упатување на полицискиот службеник на психолошки и психијатриски преглед кога тој ќе изврши семејно насилство. Continue Reading
Марш и бојкот за 8 Март: Ако немаат леб, нека јадат ружи!
Овој 8 Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб?
Не е време за симболични гестови и излитени фрази. Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира улиците, домовите, болниците, училиштата, институциите, јавните простори и социјалните медиуми и ни ги ограничува одлуките и можностите, сегашноста и иднината. Continue Reading