https://www.facebook.com/Tiiiit.inc
Tiiiit! Inc. е неформална група, формирана во јануари, 2010 година од Јана Коцевска – етнолог и антрополог, Јана Старделова – културолог и Кристина Леловац – актер и асистент професор по глума. Continue Reading
Author: admin
Одржана првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост
Реактор ја одржа првата работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост
Во периодот од 29 септември до 01 октомври во „Хотел Макпетрол“ – Маврово, Реактор ја одржа првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост.
На тродневната работилница учествуваа дваесет преставници/чки на граѓански организации и мрежи кои во своето работење како приоритет ја имаат родовата еднаквост.
На работилницата детално се анализираа и дискутираа тековните проекти и активности, контекстот и релевантните истражувања, како и мисијата и визијата на платформата. Се отворија прашања за организациската структура (поставеност, функсионирање и начин на одлучување), односот на платформата со други граѓански организации и политички пратии, како и односот со релевантните државни институции. Continue Reading
Формирана Платформата за родова еднаквост
Платформата за родова едкаквост денес одржа прес конференција каде 21 Здружение на граѓани поттикнати од маргинилизираната положба на жените во Република Македонија ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на унапредување на родовата еднаквост во државата и јавно ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост со што се приклучуваат кон платформата.
Здружувањето доаѓа и како реакција на сеприсутните патријархални вредности, јазот во распределбата на општествените добра и моќ, маргинализираниот социјален, економски и политички статус и положба на жените во Република Македонија. Continue Reading