About Platform

Организациите на граѓанското општество кои работат на полето на родовата еднаквост ја идентификуваа неминовната потреба за здружено делување во насока на унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија. Само праку заедничко делување кое ќе вклучи широк спектар на организации и експертки, здружени во платформа за родова еднаквост, може да се осигура значајно влијание врз процесите на вградување на родовата еднаквост во сите сфери и текови на макеоднското општество.

Формирањето на платформа на граѓански организации и поединци ќе придонесе кон унапредување на родовата еднаквост и рамноправност преку промовурање и издигнување на политичката воља, формирање партнерства помеѓу засегнатите страни од граѓанското општество, градење на капицитетите и споделување на добрите практики.

Меѓу другото, оваа платформа ќе обезбеди здружување на експертизата и искуството на граѓанското општество за родова еднаквст и преку постојано следење и идентификување на можностите за влијание врз политките на локално и национално ниво, а се со цел да се осигура спроведување на меѓународната и домашна законската легислатива и стратешките документи.

Визија

Прогресивно јадро што ја промовира родовата еднаквост како вредност, здружено дејствува и проактивно влијае врз центрите на моќ и општеството.

Мисија

Обезбедува гласност, лидерство и единство во заедничкото дејствување кон остварување на родовата еднаквост во општеството, врз основа на солидарност, еднаквост, партиципативност, транспарентност, доброволност, одговорност и отчетност.

Цели

  • Усогласена, кохерентна и имплементирана легислатива и политика во функција на родовата еднаквост.
  • Обезбедени доволни и соодветно распределени финансиски и други ресурси за имплементација на законите и политиките.
  • Функционална, ефективна и ефикасна родова машинерија на национално и локално ниво.
  • Развиен систем за застапување на родовата еднаквост пред органите на централно и локално ниво.
  • Подигање на свеста во врска со постоечката стигматизација и маргинализација на жените во јавниот дискурс.
  • Генерирана експертиза во функција на јакнење на внатрешните и надворешните капацитети, за унапредување на родовата еднаквост.

Декларација

Декларацијата претставува документ со кој сите членки се обврзани да ги  почитуваат принципите и вредностите за кои се залага платформата, континуирано и доследно ќе работат на постигнувањето на целите на платформата и активно ќе се залагаат за исполнувањето на принципите на кои се основа платформата.

Вкупно 21 организација, мрежи и иницијативи кои се основачки на платформата веќе ја потпишаа декларацијата, чин со кој ќе се вклучат во платформата, а таа ќе остане отворена за зачленување на сите други заинтересирани организации, иницијативи и поединци кои се залагаат за родово еднакво општество.

Декларација на родова еднаквост

 

Доколку сакате да се вклучите во работата на Платформата за родова еднаквост, обратете ни се на:

емаил:  rodovaplatformа@gmail.com 

тел:        +389 2 3245536