0

Марш по повод 8 Март

DSC_7004Платформата за родова еднаквост по повод 8  Март, Меѓународниот ден на жената, организираше марш преку кој ја изрази загриженост за влошената економска, социјална и политичка позиција на жените во Македонија.  Жените и мажите кои се приклучија кон маршот испратија јасна порака дека женските права мора да бидат приоритет на идните влади и политичарките и политичарите мора да работат кон унапредување на родовата еднаквост во земјата.

Кон маршот се приклучија граѓански организации, активисти/ки, синдикални здруженија, претставници/чки од политичките партии, амбасадорот на Обединетото Кралство, амбасадорот на Кралството на Холандија во Република Македонија како и заменикот амбасадор на Шведска.  Голема благодарност до сите кои се приклучија кон маршот и сите кои помогнаа во негова реализација.

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *