0

Одржана првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост

DSC_0099Реактор ја одржа првата работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост
Во периодот од 29 септември до 01 октомври во „Хотел Макпетрол“ – Маврово, Реактор ја одржа првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост.
На тродневната работилница учествуваа дваесет преставници/чки на граѓански организации и мрежи кои во своето работење како приоритет ја имаат родовата еднаквост.
На работилницата детално се анализираа и дискутираа тековните проекти и активности, контекстот и релевантните истражувања, како и мисијата и визијата на платформата. Се отворија прашања за организациската структура (поставеност, функсионирање и начин на одлучување), односот на платформата со други граѓански организации и политички пратии, како и односот со релевантните државни институции.

Во рамките на анализата на контекстот беа идентификувани клучни предизвици за понатамошна промоција на родовата еднаквост во Македонија. Тие се однесуваат како на законодавни, така и на институционални, концептуални и тематски прашања.
Визија: Прогресивно јадро што ја промовира родовата еднаквост како вредност, здружено дејствува и проактивно влијае врз центрите на моќ и општеството.
Мисија: Обезбедува гласност, лидерство и единство во заедничкото дејствување кон остварување на родовата еднаквост во општеството, врз основа на солидарност, еднаквост, партиципативност, транспарентност, доброволност, одговорност и отчетност.
Цели:

  • Усогласена, кохерентна и имплементирана легислатива и политика во функција на родовата еднаквост.
  • Обезбедени доволни и соодветно распределени финансиски и други ресурси за имплементација на законите и политиките.
  • Функционална, ефективна и ефикасна родова машинерија на национално и локално ниво.
  • Развиен систем за застапување на родовата еднаквост пред органите на централно и локално ниво.
  • Подигање на свеста во врска со постоечката стигматизација и маргинализација на жените во јавниот дискурс.
  • Генерирана експертиза во функција на јакнење на внатрешните и надворешните капацитети, за унапредување на родовата еднаквост.

DSC_0009

 

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *