Одржана првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост
Реактор ја одржа првата работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост
Во периодот од 29 септември до 01 октомври во „Хотел Макпетрол“ – Маврово, Реактор ја одржа првата стратешка работилница во рамките на Платформата за родова еднаквост.
На тродневната работилница учествуваа дваесет преставници/чки на граѓански организации и мрежи кои во своето работење како приоритет ја имаат родовата еднаквост.
На работилницата детално се анализираа и дискутираа тековните проекти и активности, контекстот и релевантните истражувања, како и мисијата и визијата на платформата. Се отворија прашања за организациската структура (поставеност, функсионирање и начин на одлучување), односот на платформата со други граѓански организации и политички пратии, како и односот со релевантните државни институции. Read more…
Формирана Платформата за родова еднаквост
Платформата за родова едкаквост денес одржа прес конференција каде 21 Здружение на граѓани поттикнати од маргинилизираната положба на жените во Република Македонија ја идентификуваа потребата за здружено делување во насока на унапредување на родовата еднаквост во државата и јавно ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост со што се приклучуваат кон платформата.
Здружувањето доаѓа и како реакција на сеприсутните патријархални вредности, јазот во распределбата на општествените добра и моќ, маргинализираниот социјален, економски и политички статус и положба на жените во Република Македонија. Read more…