0

Национална конференција по повод меѓународниот ден за правата на жените

16147087173_fe0f3b2a29_cВо рамки на проектот „Совет за родова еднаквост“ финансиран од ЕУ преку инструментот за предпристапна помош – ИПА, на 9ти март, 2015 во Хотел Холидеј Ин, по повод меѓународниот ден на правата на жената  се одржа национална конференција насловена:  Родово еднакво општество-состојба и предизвици.

Целта на конференцијата беше да се оцени степенот на родова еднаквост во земјата преку дискусија помеѓу сите релевантни чинители за клучните теми како што се: политичкото претставување, економско зајакнување и ефикасноста на воспоставените механизми за родова рамноправност во земјата.

На оваа конференција учествуваа преку сто претставници од национални и локални јавни институции, претставници на граѓанскиот сектор и  на меѓународни организации, како и амбасадори на неколку држави членки на ЕУ.16579434908_8cd4386217_h

Присутните учеснички и учесници ја констатираа неповолната положба во која се наоѓаат жените во Македонија, ги идентификуваа клучните предизвици и проблеми, а се осврнаа и на можните решенија.

Меѓу другото, на конференцијата беа презентирани резултати од истражувања за политичката застапеност на жените на локално ниво и родовите разлики на пазарот на труд кои ги спроведе Реактор. Дополнително, беше презентирана работата на Платформата за родова еднаквост, нејзините начини на функционирање и идни чекори.

Свој придонес во дискусиите дадоа и сегашни и поранешни пратенички, градоначалнички и советнички во единиците на локалната самоуправа, како и вработени во јавните институции надлежни за унапредување на родовата еднаквост.

16144712864_5f22541834_h

Целосната програма за работа на конференцијата можете да ја погледнете тука

admin

Leave a Reply