Работниците и работничките од текстилната и кожарската индустрија во Македонија веќе неколку децении се соочуваат со дискриминација, манипулација и злоупотреба на основните работнички права. Системот не ги заштитува, а надлежните молчат.
Здружението на граѓани на текстилни и кожарски работници ТИВКОТО МНОЗИНСТВО – ГЛАСНО од Штип одлучи да стави крај на молкот. На 8 декември пред новата пошта во Штип ќе се одржи собир кој е неопходен за да се слушне нивниот глас , да проработи свеста на државата ,институциите и општеството.
Платформата за родова еднаквост изразува јавна поддршка и апел за приклучување кон иницијативата за протест на работниците и работничките.
За оние што нема да бидат во можност да ни се придружат на собирот во Штип, споделете #гласно и вклучете се и вие.
За промени сме потребни сите.
#достабешемолк.