0

ЛезФем

ЛезФем

ЛезФем е лезбејско-феминистичка група создадена низ дружења и долги разговори на неколку девојки кои се препознаваат себеси како лезбејки, политички лезбејки, феминистки.

Наша цел е зголемување на видливоста и политичката релевантност на лезбејскиот и феминистичкиот активизам и промовирање на свежи стратегии на отпор кон доминантните идеолошки концепти на патријархатот, шовинизмот, хетеронормативноста, национализмот, клерикализмот. Ние се стремиме кон креирање на автентичен политички глас трагајќи по различните женски искуства во минатото додека го градиме нивното значење и континуитет денес, како и кон политичка артикулација на секојдневните искуства и социјални релации меѓу жените, не само емотивни, туку и економски, пријателски, професионални, семејни. Токму во овие женски реалности, а не замислени животни стилови, ЛезФем гледа извор на знаења, вредности, енергија и моќ.

admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *