0

Проглас за женски права и родова еднаквост

Денес маршираме за да покажеме дека трпението ни е на црвено! Денес маршираме за да покажеме декавеќе нема да толерираме празна реторика! Не прифаќаме декларативно залагање за родова еднаквост,ниту закони и стратегии за кои не се издвојуваат финансиски средства и кои не водат кон остварување нареални промени во животите на жените.

Бараме:

1. Парламентот веднаш и без одлагање да ги донесе Законот за прекин на бременоста, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за социјална заштитаонака како што се предложени!

2. Владата да обезбеди буџет и институционални предуслови за остварување наветувањата за унапредување на правата на жените и родовата еднаквост!

3. Афирмативни мерки за вклучување и унапредување на статусот на жените на пазаротна трудот и функционални механизми за заштита од дискриминација на работно местопо родова основа!

4. Итно отстранување на дискриминаторските критериуми во националната програмаза рурален развој!

5. Адекватна, навремена и ефикасна превенција, заштита и поддршка на жртвите ипотенцијалните жртви на родово базирано насилство од институциите кои се дел одсистемот за заштита и строго санкционирање на секое непостапување.обезбедувањедоволно финансии за бесплатна правна помош за жените кои претрпеле семејнонасилство и застапување во граѓанските и кривичните судски постапки. Ги повикувамеосновните судови да ги изрекуваат предвидените затворски казни за сторителите насемејно насилство.

6. Итни реформи во здравствената заштита за унапредување на репродуктивнотоздравје на жените – обезбедување пристап до гинеколошки услуги за сите жени ицелосно искоренување на незаконската наплата на услугите кои следуваат бесплатнокај матичните гинеколози. унапредени програми со опфат на над 75% од жените за ранооткривање на ракот на грлото на матката и ракот на дојката кај жените, зголемен броји квалитет на посети помеѓу жените во репродуктивниот период, за време набременоста и во периодот по породувањето, особено најранливите категории– Ромки,жените од руралните подрачја и жените кои живеат во неповолни социо-економскиуслови.

7. Закон за спорт и стратегија за спорт во кои се води сметка и за спортистки.

8. Локалните власти да обезбедат активно учество во планирањето на програмите ибуџетот, пристап до јавен превоз, градинки, вода, осветлување, игралишта иефикасно собирање отпад.

9. Валозирација и поддршка на автентичното женско уметничко творештво и наженското дејствување во културата. итно донесување на закон за култура со кој ќе сезаштитат работничките права на културните работнички и ќе се унапредат нивнитеуслови за работа и професионален развој.

Време е институциите на оваа држава да почнат да работат и за граѓанките!

*Прочитан на Марш за женски права, 08.03.2019 година, Жена Парк, Скопје

*Минорни разлики во изведбата се возможни.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар