0

Стела

1-Stella-color-CMYK (1)www.stella.mk

Стела е граѓанска организација иницирана од група ентузијастки кои сакаат да го подобрат пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија. Стела ги поврзува жените и работи на креирање мрежи на солидарност, знаење и искуство. Низ различните проекти и активности, организацијата цели да придонесе кон дискусија на државно ниво за општествените и структурни пречки со кои мораме колективно да се соочиме за да ги поддржиме жените и девојките во нивното идно себеостварување.

Својата мисија и визија Стела ја остварува преку следните активности:

Менторска мрежа- обезбедувајќи една-на-една насоки и совети преку Женската менторска мрежа, жените менторирани преку Стела се поддржани преку индивидуално менторство во остварувањето на понатамошни студии и/или работни места што најдобро одговараат на нивните интереси.

Дискусии во заедниците-  Стела носи разновидни говорнички а да дискутираат за системските бариери за образовно и економско омоќување на жените и девојките. Овие дискусии ги приближуваат членовите на заедницата, како жени, така и мажи, во конструктивна дебата и придонесуваат кон градење трајни решенија.

Работилниците и информативните сесии за претприемништво- Стела се обидува да им помогне на девојките и жените да го основаат или развијат сојот бизнис преку поврзување со успешни претприемачки, можни донатори и владини претставници.

Застапување базирано на докази- преку документи за јавни политики, извештаи, препораки базирана како на секундарни така и на примарни податоци прибрани преку интервјуа, фокус групи итн. , Стела се обидува да застапува за подобрување на статусот на девојките и жените и да влијае при креирање на јавни политики.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар