0

Платформата за родова еднаквост со јавна поддршка и апел за приклучување кон протестот на работниците и работничките во Штип

Logo_Platforma-za-Rodova-Ednakvost-02-03 (1)Работниците и работничките од текстилната и кожарската индустрија во Македонија веќе неколку децении се соочуваат со дискриминација, манипулација и злоупотреба на основните работнички права. Системот не ги заштитува, а надлежните молчат.

Здружението на граѓани на текстилни и кожарски работници ТИВКОТО МНОЗИНСТВО – ГЛАСНО од Штип одлучи да стави крај на молкот. На 8 декември пред новата пошта во Штип ќе се одржи собир кој е неопходен за да се слушне нивниот глас , да проработи свеста на државата ,институциите и општеството.

Платформата за родова еднаквост изразува јавна поддршка и апел за приклучување кон иницијативата за протест на работниците и работничките.

За оние што нема да бидат во можност да ни се придружат на собирот во Штип, споделете #гласно и вклучете се и вие.
За промени сме потребни сите.

#достабешемолк.

Линк до настанот на FB 
Линк до поканата 

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар