0

Министерството за труд и социјална политика на РМ и Платформата за Родова Еднаквост потпишаа меморандум за соработка: “Само преку заедничка соработка и споделување на искуства можеме да постигнеме повеќе”

timthumbПлатформата за родова еднаквост претставувана од претседателот на “Реактор – Истражување во акција” Дамјан Здравев и Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски на 4 октомври потпишаа Меморандум за соработка.

Министерството за труд и социјална политика и Платформата за родова еднаквост со овој Меморандум за соработка воспоставија основа за стратешко партнерство и соработка во областа на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените, со цел да го поддржат остварувањето на целите на Законот за еднакви можности на жените и мажите и Стратегијата за родова еднаквост на Република Македонија (2013-2020), како и да ја зајакнат соработка во областите кои не се вклучени во Стратегијата, а придонесуваат за постигнување родова еднаквост.

Присутните взаемно се согласија дека само преку заедничка соработка и споделување на искуствата може да постигне повеќе и за афирмацијата на родовите прашања и за спроведување на политиките за унапредување на правата на жените во сите сфери од општественото живеење.
Платформата за родова еднаквост која е мрежа од 21 организација, иницијативи и индивидуи, го потпиша Меморандумот за соработка во имe на Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, Бори се женски, Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените  – ЕСЕ, Здружение Женски форум – Тетово, Здружение за локален рурален развој, Здружение за унапредување на родовата еднаквост, Акција Здруженска, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, Коалицијата – Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, ЛезФем, Мрежа за заштита од дискриминација, Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Националниот совет за родова рамноправност, Организација на жени на град Скопје, Организација на жените „Кумановка“ Куманово, Организација на жените на општина Свети Николе, Реактор – Истражување во акција, Здружение за еднакви можности СЕМПЕР – Битола, Здружение на граѓани за промоција на женската активност “Tiiiit! Inc-Скопје”, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Хуманитарно Здружение „Мајка“ – Куманово.

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар