0

Работилници за јавни политики и застапување

IMAG0006Платформата за родова еднаквост оддржа работилница за јавни политики и застапување од 29 септември до 1 октомври 2014 година. Вкупно21 учесник од 14 организации членки на платфромата, подлелени во тематски  работини групи, идентификуваа клучни области и теми во кои Платформата ќе делува,  ги прецизираа начините на дејствување на Платформата, внатрешната структура и принципите на одлучување, а, исто така, дискутираа и за визуелниот идентите на Платформата за родова еднаквост.

На работилницата беа подготвени планови за следење и анализа на клучните области и теми во рамки на легислативните процеси и процесите на креирање јавни политики кои се однесуваат на родовата рамноправност, како и начини на кои Платформата може да придонесе во подобрувањето на самите процеси и резултатите кои произлегуваат од нив.
Во рамки на работилницата беа идентификувани приоритетни области за делување, како и специфични теми и проблеми на на чие адресирање ќе се фоксуира Платформата за родова еднаквост. Според тоа, во периодот кој следи, Платформата ќе работи на:

  • Репродуктивни права и здравје: Право на абортус;Услови во породилишта и третман на жени при абортус;Пристап до медицински услуги.
  • Родово насилство: Пристап до услуги после преживеано насилство;Силување;Купување невести;Насилство врз ЛГБТИ заедницата;
  • Економија: Дискирминација при вработување и на работни места;Специјализирани програми и активни мерки за вработување на жени;Породилно отсуство, поточно проблемот со префрлање на обрската за плаќање породилно отсуство кај работодавачите, родителско отсуство, татковско отсуство;Нееднаква плата;  Наследство и носители на имот;Застапеност на жени во индустриите, како и бројот на жени на раководни позиции.
  • Социјална политика: Градинки (број на градинки, услови за работа, достапност на градинки, вработени) ;Носители на социјална помош (број на жени носители на социјална помош, висина на социјална помош, самохрани мајки како носители на социјална помош)
  • Образование: Родови стереотипи во содржината на учебниците; Родови стереотипи во начинот на работа на наставниот кадар.
  • Политика: Зголемување на влиајнието на жените во политиката;Статутарни промени во политичките партии кои ќе овозможат поголемо влијание и независност на женските ограноци.

IMAG0009

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар