0

Женска граѓанска иницијатива АНТИКО

antiko

http://antiko.org.mk/
Женска граѓанска иницијатива АНТИКО е интеретничка , динамична женска мрежа, основана 1999 год. од лидерки и активистки од женското мировно и движење на Р. Македонија

Таа е непрофитна, феминистичка, стратешка лобистичка група,  која се залага за промоција на културата на мирот и изградбата на заедницата преку јавно и општествено ангажирање на жените од повеке етнички заедници.

Работата и делувањето на АНТИКО се базира на пристапи и принципи кој го артикулираат изградбата на мирот, развојот на демократските процеси и цивилното општество на локално и национално ниво.

АНТИКО се залага за афирмација на човековите/женските права и постигнувањето на родовата рамноправност. Таа дава придонес за надминувањето на патриархалните вредности и создавање на услови за исти права можности и одговорности за сите граѓани.

Антико, нееднаквоста помеѓу половите /родовите  ја третира како една од главните пречки за остварување на одржливиот мир и развој,  во тој контекст сите нејзини заложби се насочени кон женските прашања да бидат поставени на политичките агенди.
Вредности
Ненасилство, толеранција, мулткултурализам, рамноправност,одржлив развој, поддршка, вмрежување ,граѓански активизам, социјална правда, вклученост, различност, солидарност.

Нашите идеали, мисија цели и активности ги постигнуваме преку нашите членки и НВО мрежата на АНТИКО  која брои 18 мултиетнички женски грасс рут организации кои работат на унапредувањето на човековите/женски права и изградбата на мирот во локалните заедници на Р.Македонија.

 

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter

Напишете коментар